ПОЧЕТНА ЕВРОПА За да излезе од Евролига, ПАО треба да плати 10 милиони евра

За да излезе од Евролига, ПАО треба да плати 10 милиони евра

сподели

Писмото на грчкиот великан, испратено до првиот човек на Евролига, Жорди Бертомеу предизвика земјотрес во европската кошарка.

Панатинаикос изрази желба и побара да излезе од елитното натпреварување, но за да се случи тоа, ќе треба да плати пенали од 10 милиони евра, поради потпишаниот 10-годишен договор на клуб со А-лиценца, односно акционер. Постои дупка во овој правилник со тоа што ПАО може да ја продаде својата лиценца на некој заинтересиран клуб.

„Само клубови со загарантиран договор и три последователни учества во Евролигата можат да ја пренесат својата лиценца на трет клуб, откако тој потег ќе го одобри Генералното собрание и ако се исполнети сите услови. Замена од какви било причини бара стариот клуб да продолжи со продажба на своите акции во согласност со процедурите и критериумите за кои е одлучено“, пишува во правилникот.

Во конкретниот случај, Евролига му должи на Панатинаикос 1,25 милиони евра по разни основи, па грчкиот клуб треба да се откаже од нив и да допплати 8,75 милиони за да ја добие својата слобода. Договорот на ПАО со организацијата истекува во 2025 година.

За учество во Евролигата има неколку заинтересирани клубови, пред сите италијанскиот Виртус и српскиот Партизан, но прашање е дали тие можат да ја откупат лиценцата од ПАО.