ПОЧЕТНА Во позадина WAG Ана Стојкова

WAG Ана Стојкова

сподели
Ана Стојкова (лево)

Кошаркарите се јавни личности и постојано се под будното око на публиката, камерите и фотоапаратите. Не можат да избегаат ниту нивните поубави и понежни половини, кои што исто така се предмет на погледите на јавноста.

Basketball.mk го продолжува серијалот за сопатничките на кошаркарите кои што настапуваат кај нас, на нашите репрезентативци, тренери и спортски работници и сите останати, што на некој начин се поврзани со нашата кошарка.

Продолжуваме со Ана Стојкова (Костова), која што е 2 години во брак со бугарскиот репрезентативец Чавдар Костов, кој што минатата сезона играше во Работнички, а има договор со нашата најтрофејна екипа на уште една година.

Аплицирајте веднаш за

Со оглед на тоа што сме кошаркарски портал, прво не интересира кошарката, односно поврзаноста на Ана со овој спорт, пред да го запознае Чаво.

„Навистина jа сакам кошарката. Не ја запознав преку него, туку овој спорт не зближи мене и Чаво. Јас 13 години играв кошарка. Бев капитен на КК Славија во првата лига во Бугарија.

Имам три операции на лигаментите на колената и затоа веќе не играм кошарка, но овој спорт засекогаш ќе ми остане во срцето.“

Спортистите, особено сериозните кои што се зафатиле со таа животна определба, едноставно и најкратко кажано – никогаш не се дома.

„Нормално е Чаво да отсуствува, тоа за мене не претставува проблем. Наоѓам по нешто да си го пополнам времето – читам книги, гледам филмови, шетам по градот.

Момент од специјалното интервју на basketball.mk, со бугарските интернационалци Чавдар Костов (Работнички) и Јордан Минчев (МЗТ Скопје), пред првото дерби минатата сезона, одиграно во Аеродром.

Во Скопjе, на пример, си поминаваме одлично. Градот е прекрасен. Луѓето се мили, културни и многу срдечни.

Природата е прекрасна, храната е одлична. Ништо друго не ни е потребно.“

Спортистите се јавни ликови, често препознавани на улица, од случајните минувачи.

„Нормално дека Чаво ќе го препознаваат, со таа брада што ја носи, како нема да го забележуваат и препознаваат.

Се сеќавам на една случка кога во скопската ЗОО градина ни пријде едно девојченце и сакаше да се слика со човекот со брадата, којзнае што си мислеше малечката.“

Кој е омилениот клуб на Костов?

„Во Македонија омилена екипа му е Работнички, тоа се знае и за тоа не се полемизира.

Во Европа навива за Жалгирис, а во НБА лигата за Хјустон.“

Која е најсилната карактерна особина на Чавдар?

Наjсилната страна му е доброто срце. Оттаму му доаѓа љубовта за кошарката, за тренерите и за се во неговиот живот.

И затоа дава 100% во се што му се случува во животот.

Која случка останува врежана во сеќавањата, од кошарката?

„Има многу ситуации, од кои што не можам да издвојам ниту една – од победнички шутеви, до атрактивни забивања, потстрижувањето во Австрија, имаше и повреди.

Се ми оставило голем впечаток и не би издвоила ништо.“

Заедничка случка што нема да се заборави?

„Пред 10 години имав тежок испит, бев многу вознемирена, а Чаво имаше собир со репрезентацијата и не беше во Софија.

Но, тоа утро се појави да ме бакне и да ми посака среќа, во 7 часот пред универзитетот.“

Како се запознавте?

„Се запознавме во истата сала во која што тренираа нашите екипи.

Кошарката не запозна и ете, се уште сме заедно.“

Со што се занимава Ана и колку тоа и помага или и пречи во врската со Чавдар?

„По професиjа сум градежен инженер со специјалност транспортни објекти – тунели, мостови, пристаништа, аеродроми. Таа професиjа не се вклопува со неговата.

Затоа не jа работам сега, но пред да патувам со него во странство работев на реализациjата на автопатот Струма, што од Софија води за Грција.“

Иднината на спортистите е несигурна, никогаш не си на чисто и не знаеш каде ќе те одвее ветрот.

„Животот со Чаво и неговиот успех ми се приоритет и засега се друго е оставено во заден план.“