ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вудард прв си замина од МЗТ Скопје

Вудард прв си замина од МЗТ Скопје

сподели

Бекот на новиот македонски шампион го напушти Аеродром, само два дена по освојувањето на титулата во домашното првенство.

Џејмс Вудард е нов член на германскиот Бајројт со кого потпиша договор за идната сезона.

Тој беше член на МЗТ Скопје само една година, во АБА 2 просечно постигнуваше по 14,3 поени, 4,3 скока и 2,4 асистенции по натпревар.

Германија ќе биде четврта европска држава во која ќе игра Американецот. Почна во Франција (Руен), потоа играше во Литванија (Невежис) и по Македонија, ќе оди во Бундеслигата.