ПОЧЕТНА ЕВРОПА Второ коло – втор МВП од МЗТ!

Второ коло – втор МВП од МЗТ!

сподели
фото: Spars/Merjem Berbic

Македонскиот шампион одлично ја почна сезоната во АБА 2 лигата каде сезонава повторно ќе се обиде да триумфира и да обезбеди пласман во елитата.

Во првото коло блесна Нуни Омот кој против Слобода постигна 33 поени и беше прогласен за најкорисен играч. Сега таа чест ќе ја добие Џабари Хиндс откако Американецот одигра одлично на гости кај Спарс за вториот триумф на МЗТ Скопје.

Плејмејкерот го нема највисокиот индекс во ова коло (33), пред него е Блаж Махковиќ од Хелиос Санс со 34, но поради поразот на словенечкиот тим од Динамик, МВП ќе биде Хиндс.

За 33 минути против Спарс, тој постигна 23 поени, 9 скока, 8 асистенции, 3 украдени топки и 6 изнудени лични грешки.