ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вртелешка во Градски парк: Работнички победи со кош во последната секунда

Вртелешка во Градски парк: Работнички победи со кош во последната секунда

сподели

Неверојатен дерби дуел одиграа вицешампионот и тимот на Гостивар во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига. Победи Работнички со 91:90, но натпреварот го одбележаа голем број пресврти.

Гостите водеа и со 12 поени предност (32:44), Работнички се врати и по три четвртини имаше 68:67 за Гостивар во последните десет минути повторно да направи висока предност (70:79). Повторно домаќините се вратија, поведоа, а драмата се случи во последните секунди.

При водство на Работнички од 89:88, Димитриевски промаши тројка, а Доналдсон од „втора“ го донесе неговиот тим во предност. Се чинеше дека двата бода одат во Гостивар, но во последната секунда Бенџамин го проигра Мијатовиќ, а Србинот му донесе триумф на најтрофејниот македонски клуб.