ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) ВРЕМЕПЛОВ: Се сеќавате на Ма-ка-ду?

(ВИДЕО) ВРЕМЕПЛОВ: Се сеќавате на Ма-ка-ду?

сподели
фото: aminoapps.com

Беа тоа времиња, кога големите НБА играчи завршуваа во Европа. Во низата американски професионалци кои на залезот на кариерите го тресеа Стариот континент, беше и големиот Боб Макаду.

Единствениот играч што во модерната НБА играше за Никс, Селтикс, Пистонс, Нетс, Лејкерс (две титули, „Шоутајм“ период, ’82 и ’85) и Сиксерс, а потоа во Европа за Олимпија Милано (две титули во КЕШ ’87 и ’88), Форли и Тимсистем, имаше и тренерска (асистент, 1995-2014, три титули) кариера во Мајами.

Беше еден од ретките што остави вистински печат во елитното европско клупско натпреварување, поради необичниот стил и поради експлозивно-звучното презиме. Член е на „Куќата на славните“ на Џејмс Најсмит, во САД.

Макаду помладиот има две титули со Вориорс против Кавалирс во периодот 2015 и 2017, 2016-та загуби во историското финале против Кливленд (фото: nbcsports.com).

Негов не-толку-близок роднина е новиот играч на Партизан, Џејмс Мајкл Реј Макаду, чиј татко е втор брaтучед со славниот Роберт Ален (кај-нас-познат-како Боб) Макаду. Ова беше чисто кошаркарско четиво, за разонода…