ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вонредна состојба во Гостивар – сите на кошарка!

Вонредна состојба во Гостивар – сите на кошарка!

сподели
Добри познаници, лути ривали на теренот - Марјан Србиновски и Дамјан Стојановски

Најдобрата кошаркарска публика во Македонија не требаше многу да чека на првиот „голем“ натпревар во домашното првенство.

Пред неполна недела Гостивар играше против Работнички во Градски парк и имаше голем број свои приврзаници, а може само да се замисли каква ќе биде атмосферата во Младост. Од сезона во сезона кошаркарската еуфорија во овој град константно се зголемува, сега сите очекуваат барем еден трофеј, а дали екипата е дорасната за тоа ќе се види на дербито од третото коло.

Моторот на гостиварци подготвен за уште еден дуел против својот поранешен тим

Во градот на кошарката гостува шампионот МЗТ Скопје со кого гостиварци минатата сезона играа седум пати – четири во првенството и уште три во плеј-офот. Шампионот победи на шест од овие седум дуели, а на првиот меч во Младост премногу лесно излезе на крај со мотивираниот ривал, но Гостивар во секоја од претходните две сезони барем еднаш го земаше скалпот на еден од најквалитетните тимови во Македонија.

Меѓусебните дуели на Гостивар и МЗТ Скопје последните две сезони

Во меѓусебниот дуел домаќините влегуваат по несреќниот пораз од Работнички во кој примија кош во последната секунда и загубија добиен натпревар. МЗТ Скопје доаѓа во Гостивар со серија од шест победи сметајќи ги домашното првенство и АБА 2 и вкупно 12 меча без пораз сметајќи го и крајот на минатата сезона.

Спектаклот во Гостивар ќе можат да го следат и оние од другите градови, со директен пренос на МТВ од 17:30 часот.