Поранешниот македонски младински репрезентативец Иван Волкановски (20 год, 209 см) е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша тригодишен договор.
Ова е своевиден влог во иднината затоа што станува збор за талентиран центар кој воедно е и еден од највисоките македонски кошаркари во моментов. Тој доаѓа од АВ Охрид кадешто ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар.
Волкановски е деветиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, по Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот.
Тренер ќе биде Ѓорѓи Кочов, кој веќе го закажа почетокот на подготовките за новата сезона – на 15-ти август.
(преземено од mztskopjeaerodrom.mk)