ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВОЈНОВИЌ: Свесни сме за важноста на инвестирањето во националниот спорт, особено младинскиот

ВОЈНОВИЌ: Свесни сме за важноста на инвестирањето во националниот спорт, особено младинскиот

сподели

Имајќи го предвид влијанието на корпоративната општествена одговорност врз спортот, од особена важност за Триглав претставува можноста за соработка и посветеноста на Кошаркарската федерација кон развојот на спортот во земјата.

Токму затоа компанијата одлучи својата поддршка да ја намени за помош на младинската кошаркарска лига.

“Триглав е компанија којашто секогаш се стреми да обезбеди висок квалитет, сигурна иднина и позитивно искуство за своите клиенти. Убедени сме дека секоја успешна компанија треба да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во коешто делува.

Свесни сме за важноста на инвестирањето во националниот спорт и што тоа значи за  неговиот развој, особено кога тоа ги вклучува младите категории и децата. Вистинска привилегија е да бидеме дел од активностите на младинската кошаркарска лига, затоа што токму тука се градат вистинските навики, се создава квалитетот, тука лежи иднината на кошарката и спортот воопшто.

Се надеваме дека со нашата поддршка ќе придонесеме кон што подобри услови за работа на клубовите и постигнување на што подобри резултати.”– изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Младинските лиги имаат стратешко значење, како поради својата цел да ги развиваат идните квалитетни првотимци и репрезентативци во кошарката, така и поради својата улога во втемелувањето на вистинските вредности и навики, како и градењето на спортскиот и тимскиот дух кај младите, велат од Триглав.