ПОЧЕТНА Други репрезентации Војновиќ најдобар, Стефанов втор стрелец, Буклишев втор скокач на Словенија Бол 2019

Војновиќ најдобар, Стефанов втор стрелец, Буклишев втор скокач на Словенија Бол 2019

сподели
sloveniaball.com

Двајцата македонски репрезентативци се први стрелци на неофицијалното европско првенство за играчи до 14 години, што се одрж(ув)а во Словенија. Иако нашата репрезентација во 6 натпревари имаше само 1 победа и 5 порази, заедно со вториот најдобар скокач Ристе Буклишев – тоа се нашите три светли точки во вкупната слика.

Тео Војновиќ (sloveniaball.com)

Со секоја чест и признание за сите наши репрезентативци, кои се уште се деца и од кои очекуваме да работат напорно и да напредуваат секој ден, ќе ги издвоиме овие три имиња според индивидуалниот учинок не затоа што велиме или сакаме да потенцираме дека се најдобри, а другите не се добри, туку затоа што овие тројца најмногу покажале во оваа категорија и на овој турнир.

sloveniaball.com

Кошарката е тимска игра и победува оној колектив кој има најдобра тимска хемија, тоа е непишано правило ко се провлекува низ историјата на репрезентативниот спорт. Секогаш ќе има по некој што ќе отскокне во некоја категорија, по некој лидер, по некој вонсериски играч, но никој не може сам да стигне до остварување ако нема добри соиграчи.

Рубин Стефанов (sloveniaball.com)

На сите мали македонски репрезентативци им посакуваме успешен развој во кариерите, ова нека им биде уште едно искуство, не се битни овие резултати туку она што во наредниот период ќе го сработат и она што ќе го играат кога ќе стасаат за А селекцијата.