ПОЧЕТНА ЕВРОПА Војната на ѕвездите му припадна на Миротиќ

Војната на ѕвездите му припадна на Миротиќ

сподели

Барселона брзо го заборави дебаклот на домашен терен од ЦСКА и гневот го истури врз вториот московски клуб во Евролигата – Химки. На гости славеше со 94:102 што и е релативно неубедлив пораз ако се знае дека во текот на мечот „каталонците“ имаа и +19.

Меѓу другото, тоа беше и дуел на двајцата кошаркари со највисоки плати во Евролигата – Никола Миротиќ и Алексеј Швед. Како победник излезе Шпанецот кој постигна 28 поени, 9 скока и 3 украдени топки. Првата ѕвезда на спротивната страна се истакна со 23 поени и 5 асистенции.