ПОЧЕТНА Некатегоризирана Војната меѓу ПАО и Олимпијакос се префрли во Евролигата

Војната меѓу ПАО и Олимпијакос се префрли во Евролигата

сподели
ekathimerini.com

Само на Балканот клубови од иста земја можат да работат еден против друг во меѓународни рамки.

Тоа го потврдија Панатинаикос и Олимпијакос кои својот спор од домашното првенство го префрлија во Евролигата. Поранешниот тим на Перо Антиќ е исфрлен во понизок ранг на натпреварување откако одби да игра против својот најголем ривал во четвртфиналето од грчкиот плеј-оф и сега тоа му пречи на ПАО.

На Собранието на Евролигата во Минхен, претседателот на „детелинките“ Манос Пападопулос ја изнесе дилемата дали клуб од втор степен на натпреварување може да учествува во Евролига.

„Дали со тоа нема да им се даде можност и на други клубови да се откажат од националните федерации?“, праша тој.

Спортскиот директор на Олимпијакос, Никос Лепениотис смета дека тоа прашање требало да биде решено порано на домашно ниво. Во исто време тој потсети на спорот меѓу Панатинаикос и Евролига по што грчкиот шампион се закани дека ќе го нпушти тоа натпреварување и ќе се приклучи кон Лигата на шампионите на ФИБА.

Првиот човек на Евролига, Жорди Бертомеу привремено ги реши дилемите. Според правилата, учесниците во неа треба да бидат дел од елитните дивизии во своите земји, но може да се направи исклучок од Извршниот совет на акционерите.