ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Војдан со победа се одјави од Лигата на шампионите

Војдан со победа се одјави од Лигата на шампионите

сподели
фото: championsleague.basketball

Капитенот на македонската репрезентација го одигра последниот меч за По Ортез во натпреварувањето на ФИБА и му останува уште во текот на викендот да настапи во француското првенство пред да се пресели во Гравелин Динкерк.

Пред да се случи тоа По Ортез го победи Бургос со 80:76 во 11-тото коло од Лигата на шампионите и ги задржа теоретските шанси за пласман во следната фаза. Војдан на теренот помина речиси 24 минути и за тоа време постигна пет поени, еден скок и две асистенции, но и пет лични грешки.