ПОЧЕТНА А Репрезентација ВОЈДАН: Само ако сме сериозни, може да се надеваме

ВОЈДАН: Само ако сме сериозни, може да се надеваме

сподели
fiba.basketball

Капитенот на нашата селекција ни изјави дека имаме реални шанси за пласман на следниот континентален собир, иако групата што ја добивме навидум е спектакуларно комплексна за предвремени математики.

“Со малку среќа и многу добра игра, можеме да се пласираме на следниот Еуробаскет. Групата е тешка, но и од најтешките предизвици има излез.

Ако сакаме и да помислиме дека ќе го видиме нашето знаме на следното европско првенство, мора да сме екстремно сериозни во нашите намери и во пристапот кон играта.” – рече Војдан Стојановски за basketball.mk.

Македонија ќе бара место на ЕП во квалификациската група Б, против Италија, Русија и Естонија. Три селекции од секоја група, ќе играат на ЕП.