ПОЧЕТНА Интернационалци ВОЈДАН: Ова беше најдобар потег за мене, во моментов

ВОЈДАН: Ова беше најдобар потег за мене, во моментов

сподели
fiba.basketball

Нашиот капитен ја менува работната средина, заминува од Олденбург и бара нов ангажман. Вели дека Германија секогаш ќе ја памети по убави спомени и одлична организација, но понекогаш едноставно мора да се пресече.

“Мислам дека ова беше најдобро за мене, да сменам средина. Разговарам со неколку екипи, не брзам со одлуката, ќе видам каде ќе ми биде понуден најдобар договор и каде ќе ја продолжам кариерата. Сакам да изберам стабилен и квалитетен тим.” – рече Војдан Стојановски, за basketball.mk.