ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈОНЧЕВСКИ: Во вориот дел од сезоната ќе бидеме поконкурентни

ЈОНЧЕВСКИ: Во вориот дел од сезоната ќе бидеме поконкурентни

сподели

Стратегот на Кожув го анализира мечот со нашата најтрофејна екипа, одигран во Скопје (97:81), во ситуација кога неговиот тим е десеткуван поради повреди и кога меѓу резервите нема многу играчи кои во моментов можат да одговорат на предизвикот.

„Заслужена победа на Работнички, противникот имаше повеќе расположени играчи и повеќе играчи во ротација. Беше супериорен под кошевите, а погоди и скоро 50% за три поени.

Секогаш кога ќе се приближевме, играчите на Работнички знаеја да врзат неколку поени во серија од кои доста често и тешки шутеви.

По серија повреди во нашата екипа, се уште се бориме со клупа каде на овој натпревар имаше вкупно 4 поени, што е премалку да му се парира на тим каков што е Работнички.

Се надевам дека во вториот дел од првенството повредите ќе бидат минато, а ние ќе бидеме далеку поконкурентни на секој натпревар.“ – ни изјави Александар Јончевски.