ПОЧЕТНА Женска кошарка Во Скопје почнува Европско првенство, јуниорките бркаат место на пиедесталот

Во Скопје почнува Европско првенство, јуниорките бркаат место на пиедесталот

сподели
КФСМ

Една од најталентираните македонски женски репрезентации ќе се обиде да го повтори ланскиот успех на кадетите и да најде место меѓу европската кошаркарска елита во својата конкуренција.

Од 5 до 14 јули Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство Б-дивизија за кошаркарки до 18 години. Македонија е во групата Ц, со Ирска, Романија, Грција, Словачка и Австрија.

Потребно е барем второ место во групата за четврфинале и барем трето место во конечниот пласман бидејќи првопласираните три селекции идната година ќе играат во А-дивизијата.

КФСМ

Почнувајќи од денеска, сите натпревари од групната фаза македонската репрезентација ќе ги игра во малата сала во „Јане Сандански“ во ист термин – 18:45 часот.

Во рамките на подготовите јуниорките одиграа вкупно пет контролни натпревари, остварија три победи и два пораза. На турнир во Скопје ги совладаа Бугарија и Грција, загубија од Турција, потоа го победија Косово со 65-47 и загубија од Швајцарија со 60:75.