ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во МЗТ нема други со корона

Во МЗТ нема други со корона

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром

Екипата од Аеродром и соопшти на јавноста дека сите тестови за КОВИД-19 се негативни, а соопштението ви го пренесуваме во целост:

„По информацијата за позитивен тест на член на нашиот стручен штаб, управата организира итно тестирање на сите кошаркари, тренери и друг персонал, со цел да се утврди дали уште некој е носител на коронавирусот.

Резултатите велат дека сите 22-ца тестирани, се негативни на Ковид-19, што значи дека остануваме само на еден позитивен, кој веднаш по појавата на првите симптоми е во изолација.

МЗТ Скопје Аеродром останува во контакт со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, како и при максимално придржување на мерките на безбедност, кои предвидуваат редовна хигиена, држење дистанца и носење заштитна маска.“