ПОЧЕТНА ЕВРОПА Во Италија царува Ѓоерѓевиќ, а не Месина

Во Италија царува Ѓоерѓевиќ, а не Месина

сподели
По враќањето на Милош Теодосиќ, составот на Александар Ѓорѓевиќ е уште посилен и главен кандидат за пласман од Еврокупот во Евролигата, ако го оправда епитетот фаворит и триумфира на крајот.

Во првата сезона на клупата на Виртус, поренешниот српски селектор има 4/0 на стартот, по победата против Пезаро со 79:94. Сале Национале има максимален учинок на сите фронтови, со двете победи во Еврокупот на УЛЕБ.

фото: legabasket.it

Премиерната година на Месина во Олимпија нема среќен почеток, затоа што во домашниот шампионат скорот на тимот од МИлано е 2/2 по поразот од Бриндизи со 89:92. Во Евролигата, манекените на Еторе имаат 1/1 по две кола.