ПОЧЕТНА НБА Во еден ден двајца кошаркари на Фенербахче заминаа во НБА

Во еден ден двајца кошаркари на Фенербахче заминаа во НБА

сподели
фото: Fenerbahce

Турскиот вицешампион и единствен клуб од оваа земја кој освои титула во Евролигата го очекува период на играчка реконструкција што и беше очекувано по неуспешната сезона.

На првиот ден од преодниот рок во НБА двајца кошаркари заминаа преку океанот и во иднина ќе настапуваат во најсилната светска лига.

Марко Гудуриќ ќе биде нов член на Мемфис Гризлис, трансферот го потврди и неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ преку Твитер. Информациите од САД велат дека Србинот ќе потпише договор на две години.

Вториот играч кој си замина од Фенербахче за НБА лига е италијанскиот репрезентативец Николо Мели. Тој ќе го засили Њу Орлеанс Пеликанс и ќе биде соиграч со првиот пик од последниот драфт Зајон Вилијамсон.а