ПОЧЕТНА ЕВРОПА Во Белград повторно паѓаат главите на шампионите

Во Белград повторно паѓаат главите на шампионите

сподели
фото: euroleague.net

Црвена звезда славеше против Фенербахче во втората рунда во Евролига, за 1/1, а турскиот претставник има 0/2, по поразот во Арена од 68:56. Екипата на Обрадовиќ беше подобра само во првиот период, но потоа домашните ја презедоа контролата.

Оваа победа потсеќа на серијата од 7, од кои 6 беа против европските прваци, во сезоната 2016/17. По два меѓусебни пораза, повторно е совладан Фенер. Најдобри поединци со по 13 поени беа Л. Браун кај победникот и Али кај поразените.