ПОЧЕТНА АБА Во АБА нема проширување, ама кавги има колку сакаш…

Во АБА нема проширување, ама кавги има колку сакаш…

сподели
фото: Srdjan Stevanovic/Starsportphoto

Како што можеше да се очекува, Собранието на регионалната лига не донесе никакви конкретни решенија на долго најавуваната и два пати откажана седница.

По многу натегања и расправии, единствената валидна одлука е таа што претседателите на Будуќност и Црвена Звезда, Драган Бокан и Небојша Човиќ се казнети со по 10 илјади евра поради однесувањето во финалната серија.

Во знак на револт Бокан ја напушти седницата што ја наруши атмосферата и не дозволи да се донесат важните одлуки за прошируваање на лигата. Тоа значи дека уште не постои можност Олимпијакос да се приклучи во АБА.

„Расправавме за тоа и утврдивме дека не е комплетна документацијата. Се обврзавме и согласивме дека треба да се дополнат правилниците за следниот пат да можеме воопшто да разговараме на оваа тема“, изјави генералниот менаџер на Игокеа, Игор Додик.

Олимпијакос, Панатинаикос и Бнеи Херцлија имаат период од една недела да приложат целосна документација. Нема најави кога би можела да се одржи нова седница на која ќе се расправа и носи одлука за евентуалното проширување.

Актуелниот менаџмент на АБА лигата не доби доверба за продолжување на мандатот, па ќе се ангажира агенција која ќе предложи нови лица што ќе управуваат со натпреварувањето.