ПОЧЕТНА Други репрезентации Внимателно со Естонците

Внимателно со Естонците

сподели
fiba.basketball

Нашите репрезентативци до 18 години се соочуваат со првиот противник во елиминациите, во коишто се бориме за влез во А дивизијата. Четвртфиналниот филтер е првото скалило до првите три места на ЕП во Б дивизијата, коишто водат во елитата.

fiba.basketball

Имаме подобар шутерски учинок од репрезентацијата на Естонија, во досегашниот тек на шампионатот. Имаме и повеќе остварени скокови, но разликата во бројките, на хартија вели дека ова е селекција со сличен квалитет како нашиот.

fiba.basketball

Естонците играа(т) добра одбрана, добро во транзицијата, напаѓаат во рекетот, имаат солидна клупа, исто како и нашите репрезентативци. Ние сме подобри во тимската офанзивна игра, што значи имаме малку поразновиден напад од противникот.

fiba.basketball

Македонија има 5 победи по првата фаза на првенството, единствена друга селекција со ваков учинок е Израел. Естонија забележа еден пораз, од репрезентацијата на Белгија, која испадна по првата фаза.

Дуелот меѓу Македонија и Естонија се игра од 17:30 часот, во романскиот град Орадеа.