ПОЧЕТНА Интернационалци Витингтон во Бетис

Витингтон во Бетис

сподели

Американскиот кошаркар со македонски пасош и наш репрезентативец, ја продолжува кариерата во АЦБ-лигата во дресот на Бетис. Крилниот центар се пресели од Естудијантес, претходно играше во Андора и Обрадоиро.

Шејн Витингтон го носеше дресот на Македонија во претквалификациските натпревари, во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на следното европско првенство што ќе се игра 2021-та година. Интересно е што и нашиот капитен Војдан Стојановски, одреден дел од кариерата помина во Бетис и Андора.