ПОЧЕТНА РАЗНО ВИСТИНА ИЛИ ТРАГИКОМЕДИЈА: Новиот кодекс на КФСМ

ВИСТИНА ИЛИ ТРАГИКОМЕДИЈА: Новиот кодекс на КФСМ

сподели
mkf.mk

Во правилникот за функционирање на кошаркарската куќа на нашата земја, една од најотворените канцеларии (во минатото) за кошаркарските работници и за новинарите, овие две категории на луѓе се претставени како – во слободен превод, што не мора да е точно – вештер(к)и:

„Во случај да ве контактираат директно новинари во врска со КФСМ, веднаш контактирајте го генералниот секретар, пред да одговорите на кое било прашање, дадете интервју или започнете некоја активност, каде што вашата изјава може да биде интерпретирана во името на КФСМ, а потоа и злоупотребена.“ – се вели во кодексот.

ДОДАВАМЕ: Кога ќе зборувате со новинар, држете се за едниот џеб таму каде што ви е паричникот, а пред да го започнете разговорот јавете се дома да видите дали сите се добро и случајно некој да не е киднапиран!

„Секој кој влегува во КФСМ треба да е соодветно облечен: Не смее во тренерки, не смее во шорцеви и бермуди, не смее во кломпи и влечки, не смее да се внесува храна и да се јаде во ходниците и канцелариите на КФСМ.

Задожително чекање во чекална (која е во ходникот), пред да биде повикан во соодветна канцеларијата, за каде е дојден.

Не смее да се седи во канцелариите на вработените. За влез во канцеларијата на раководството на КФСМ задолжително да се најавите прво кај техничкиот секретар.“ – се вели во кодексот.

ДОДАВАМЕ: Ова важи и за репрезентативците и за тренерите-селектори на кои им се претходно обезбедени соодветни униформи од страна на Федерацијата, како што се на пример одела за прес-конференции и за протоколарни настани.

ПРАШАЊЕ: А во ходникот се стои мирно или може да се мрда лево-десно и да се гледа нагоре?

фото: КФСМ

Шегата на страна

Шегата на страна, секој има право да донесе правила за функционирање, со цел организацијата што ја предводи да функционира максимално беспрекорно, според неговите замисли.

Ние ќе додадеме дека претходно треба и да се создадат услови за примена на овој или ваков сличен кодекс – како на пример, по споменатите две теми – соодветна комуникација со медиумите и транспарентност (не дека не е така во моменотв, да не се најде некој погоден), односно соодветна чекална во ходникот со цел да не ги заболат нозете од чекање, тие што чекаат.

Сите овие правила си се во ред, според современите светски стандарди, а единствениот показател што ќе даде оценка за овој нов кодекс, е времето. Во Македонија, времето досега покажало дека стандардите од светот ЕДНОСТАВНО НЕ ФУКНЦИОНИРААТ!