ПОЧЕТНА Некатегоризирана Виртус ги реши сите дилеми околу Теодосиќ

Виртус ги реши сите дилеми околу Теодосиќ

сподели
фото: ALEKSANDAR DIMITRIJEVIĆ / RAS SRBIJA

Новиот клуб на српскиот репрезентативец, намерно или не, објави каква е ситуацијата кога станува збор за неговиот настап на Светското првенство.

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ изјави дека Милош Теодосиќ „99% нема да игра во Кина“, но извршниот директор на Виртус го елиминира и тој еден процент.

„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ, селекторот Ѓорѓевиќ и докторот Радовановиќ на нивната чувствителност и подготвеност.

Знаеме добро што претставува Теодосиќ за Србија и репрезентацијата и поради тоа ни е жал што нема да игра во Кина, но здравјето на играчите секогаш ни е на прво место и ние добро ќе се грижиме за него“, изјави извршниот директор на Виртус, Лука Баралди.

Селекторот Ѓорѓевиќ го објави списокот со 12 кошаркари кои заминаа за Кина каде српската репрезентација ќе одигра три подготвителни натпревари пред почетокот на Светското првенство. На него го немаше Теодосиќ.