ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Виртуозот Скариоло по беспоштедна борба и донесе на Шпанија медал и финале

Виртуозот Скариоло по беспоштедна борба и донесе на Шпанија медал и финале

сподели
FIBA

Шпанскиот селектор е најзаслужниот за пласманот на Црвената фурија во последниот натпревар на 18-тиот мундијал, што се одржува во Кина. Шпанците победија со 95:88 против Австралија, која имаше два напада за победа, во регуларниот дел и во првото продолжение, но не ги искористи.

FIBA

Италијанскиот стратег на клупата на шампионот од 2006-та, го одигра поголемиот дел од мечот со една петорка, која имаше просек преку 30 минути – Клавер, Фернандез, Гасол, Љуљ и Рубио. Најдобар поединец беше центарот на Торонто, чиј сон за титула со екипата и репрезентацијата на СП, во иста година, продолжува.

FIBA

Пети Милс беше лидерот на Австралија, со 34 поени, но имаше дури 7 загубени топки, од кои неколку во клучните моменти. Ендрју Богут беше најефикасен според бројките, кај селекцијата од петтиот континент, која ќе игра во утешното финале за третата позиција, со поразениот од дуелот Аргентина – Франција.