ПОЧЕТНА НБА Винс Картер е постар од татко му на својот соиграч!

Винс Картер е постар од татко му на својот соиграч!

сподели
Фото: Ezra Shaw

Легендарниот американски кошаркар одлучи да остане уште една година во НБА, Атланта Хоукс му понуди продолжување на договорот и тој ќе стане најдолговечниот играч во историјата на лигата.

Претстојната сезона за него ќе биде 22-ра во најсилното кошаркарско друштво во светот, никој досега не издржал толку иако и претходно имало обиди.

Винс Картер е историја во НБА, почна во 1998 година во Торонто Репторс, за канадскиот клуб играше шест сезони, а потоа беше член и на Њу Џерси, Орландо, Феникс, Мемфис, Сакраменто и од лани на Атланта.

Колку е возрасен најдобро потврдува податокот дека е постар од таткото на неговиот соиграч Треј Јанг. Картер е роден на 26 јануари 1977 година, а Рејфорд Јанг, на 5 ноември истата година. Картер наскоро ќе биде двојно постар од Треј Јанг кој на 19 септември ќе наполни 21 година.