ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Викенд за мерак на МЗТ Скопје

Викенд за мерак на МЗТ Скопје

сподели
фото: Александар Ристовски

Актуелниот македонски шампион не блеска оваа сезона, но на крајот од првата полуетапа, сепак, е на чело на табелата.

До првото место дојде откако му се поклопија сите резултати во деветтото коло од Првата лига. По претходната рунда, првата позиција ја делеа четири екипи, покрај МЗТ, таму беа Кожув, Гостивар и Еуро Никел. Од нив само аеродромци славеа, а и немаа тешка задача затоа што играа против претпоследниот на табелата – Вардар.

Кожув загуби од Работнички во Градски парк, Гостивар беше совладан од Пелистер во Битола, а Еуро Никел од Куманово, исто така на гостински терен.

Претстојниот викенд почнува вториот круг од првенството, а до крајот на годината ќе се одиграат уште две кола. МЗТ Скопје ги има сите услови не само да остане на чело, туку и евентуално да ја зголеми предноста пред ривалите. Во десеттото коло ќе го пречека Кожув, а потоа игра со својот втор тим.