Средношколец во САД ги украде аплаузите на сите присутни на натпреварот и воедно најави дека новата кошаркарска атракција е родена. Забивањето на Џима Гетвеч, е на почетокот на видеото.
Дали ќе биде голем кошаркар никој не може да знае, затоа што тоа зависи од многу услови, но сигурно, ако продолжи да се занимава со овој спорт, ќе биде еден од најатрактивните што некогаш се појавиле.