ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Србинот што знае да лета, и се претстави на НБА лигата

(ВИДЕО) Србинот што знае да лета, и се претстави на НБА лигата

сподели
Instagram

Спектакуларното забивање на младиот српски потенцијал, би требало да биде само најава за тоа што се очекува од него, во годините што следуваат.

Ален Смаилагиќ (18, 206) потпиша за голден Стејт Вориорс, игра на позицијата крилен центар, кариерата ја почна во белградскиот клуб БЕКО, а преку развојната лига стигна до првата селекција на Вориорс.

По одличната сезона (2017/18) во третата српска лига и по изборот за МВП во јуниорската лига на Србија, тој беше избран како 4-ти пик во развојната Г лига на НБА.

Смаилагиќ е само третиот интернационален играч што е драфтуван од развојната во НБА лигата (39-ти пик, Пеликанс, трејдуван во ГС Вориорс), како што беше избран и Јанис Адетокумбо, односно само седми интернационалец кој што играл во Г лигата пред да стане дел од НБА друштвото.