ПОЧЕТНА Балкански лиги (ВИДЕО) Партизан грми: Звезда со трочекор до титулата!

(ВИДЕО) Партизан грми: Звезда со трочекор до титулата!

сподели
фото: Pedja Milosavljevic / STARSPORT

Веројатно уште долго ќе се зборува за начинот на кој „црвено-белите“ дојдоа до титулата во домашното првенство.

Клучниот кош во последниот напад, дело на Били Берон, според Партизан, е постигнат со влез во кој Американецот направи три чекори.

Судиите не реагираа на тоа, го признаа кошот, а Партизан веќе почна со протестите кои веројатно нема да имаат никакво влијание врз конечниот резултат.