ПОЧЕТНА Евролига (ВИДЕО) Обрадовиќ не се шегува – донесе динамит во Истанбул!

(ВИДЕО) Обрадовиќ не се шегува – донесе динамит во Истанбул!

сподели
euroleague.net

Најтрофејниот европски тренер нема да седи со скрстени раце, додека НБА тимовите му ги крадат играчите. Откако го загуби и Николо Мели, српскиот стручњак го доведе можеби најдоброто, а во моментов сигурно најдоброто можно засилување на таа позиција (4).

Дерик Вилијамс (28, 203) потпиша едногодишен договор со турскиот гигант. Американецот импресионира во дебитантската Евролига сезона со Баерн Минхен, постигнувајќи по 13.4 поени, 4.2 скока и 14.2 Индекс на корисност, во 29 натпревари минатата сезона.

Со заминувањето на Гудуриќ и Мели, Фенер ги доведе Нандо Де Коло и Вилијамс, што е уште еден показател за ефикасноста на канцеларијата на резултатски најпостојаната екипа последниве 5-6 сезони, во елитната европска лига.