ПОЧЕТНА НБА ВИДЕО: Конечно, Дејвис ја облече тројката

ВИДЕО: Конечно, Дејвис ја облече тројката

сподели
фото: LA Lakers

Новата ѕвезда на Лејкерс беше презентирана пред пошироката публика, на официјална прес конференција на која што изјави дека со нетрпение чека да се види со фановите во Стејплс центарот, алудирајќи на првиот натпревар следната сезона.

Ентони Дејвис требаше да ја носи 23-ката, но поради пробиениот рок кој што е 15-ти март не може(ше) да ја „земе“ од грбот на Леброн Џејмс (кој што во тој случај се согласи да го носи бројот 6). Дејвис ќе ја носи 3-ката, што ја носеше во основно училиште.