ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Канада на нозе – Ленард како Папата и Битлс

(ВИДЕО) Канада на нозе – Ленард како Папата и Битлс

сподели

Сапуницата околу иднината на МВП од финалната серија во последната сезона на НБА лигата доживеа кулминација во Торонто каде уште трае еуфоријата по освоената шампионска титула на Репторс.

Кавај Ленард претходните денови имаше средби со претставници на Лос Анџелес Лејкерс и Клиперс, а за крај го остави состанокот со челниците на канадската франшиза.

Доаѓањето во Торонто предизвика огромен интерес, телевизиите вршат директен пренос од неговото слетување на аеродроот Пирсон, возилото со кое патува кон градот е следено од обезбедување и хеликоптери, а навивачи на Торонто се расштркани на улиците и го поздравуваат својот херој.

Канаѓаните тврдат дека ваков третман немал никој, освен Папата и своевремено Битлс. Ленард требаше да патува од Лос Анџелес до Торонто со приватниот авион на пејачот Дрејк, но на крај пристигна со леталото на компанијата Мејпл Лифс Спортс која е сопственик на Репторс.

Пред хотелот каде кошаркарот треба да се сретне со претставници на франшизата со часови стојат новинари и репортери кои го чекаат неговото доаѓање и се надеваат на позитивен исход.

Најпознатите американски новинари веќе објавија дека тој одлучил да се пресели во Лејкерс, но во Торонто уште веруваат дека може да дојде до договор бидејќи Ленард има можност да потпише договор на 1+1 сезона и да добие 68 милиони долари.