ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) Јовиќ тргна да му помага на Јокиќ, Ѓорѓевиќ ќе му ја...

(ВИДЕО) Јовиќ тргна да му помага на Јокиќ, Ѓорѓевиќ ќе му ја „искршеше главата“!

сподели
FIBA

Во жарот на борбата што го наметна италијанскиот состав против српскиот, знаејќи дека само со провокација и тепање може евентуално да се справи со квалитетот и знаењето што го има противникот, за малку не се случи масовен инцидент.

Даниел Хакет удираше со што стигне по рацете ја Никола Јокиќ кога овој беше во напад под кошот на Италија, на што српскиот репрезентативец одговори со туркање, италијанскиот се најде на паркетот, а страстите жестоко вриеја и на клупата.

Јовиќ тргна да му помага на Јокиќ, но се врати со федер-маневар. Можеше само да биде исклучен затоа што недозволено од клупата ќе стапнеше на терен. Тоа можеби и ќе се случеше ако не влетаа Ѓорѓевиќи и асистентот Рајаковиќ со „клизачи“ да го спречат плејмејкерот да направи глупост.