ПОЧЕТНА Европски лиги (ВИДЕО) Дојде Господ во Болоња

(ВИДЕО) Дојде Господ во Болоња

сподели

Одамна еден од најкошаркарските градови во Италија не пулсирал во знакот на овој спорт како што е тоа последните денови.

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој век Болоња имаше два гиганта кои беа меѓу најдобрите во Европа, но од појавата на Монтепаски, ниеден од нив не успеа да се вмеша во борбата за титулата. Се чини дека сега е моментот да се случи тоа.

Виртус Болоња успеа да постигне договор со Милош Теодосиќ кој веќе пристигна во градот и предизвика тотален хаос. На аеродромот беше пречекан од армија домашни навивачи кои само му покажаа како ќе биде во салата во новата сезона.

Србинот потпиша тригодишен договор за нето пет милиони евра, а Теодосиќ ќе се врати во градот по Светското првенство во Кина.