ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Двата часа телефонски разговор, што ја решиле судбината на Теодосиќ

(ВИДЕО) Двата часа телефонски разговор, што ја решиле судбината на Теодосиќ

сподели
Virtus twitter

Актуелниот прв плејмејкер на српската репрезентација, кој што со нетрпение го очекува стартот на официјалните подготовки за претстојното СП и кој што во новата година се врати од НБА лигата со цел да и му се посвети на националниот тим и на новата станица во животот, се отвори пред новинарите.

„Цели два часа, уште во февруари, разговаравме со селекторот Александар Ѓорѓевиќ и сфатив дека Виртус ќе биде новата моја дестинација.

Клуб со богата историја. Моите први сеќавања од кошарката се настапите на Јариќ, Нестеровиќ, Даниловиќ и Џинобили, сите во дресот на екипата од Болоња.

Годините кога Европа „плачеше“ од Виртус Киндер Болоња…

Едвај чекам да почнат подготовските со репрезентацијата, моето здравје е далеку подобро отколку пред неколку месеци.“ – се зборовите на Милош Теодосиќ.

Според српскиот кошаркар, примарна цел на Сегафредо Виртус Болоња е освојување на Еврокупот, а потоа и враќање во Евролига.