ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Ако е ова последната слика од Џордан, колку ли е величествена?

(ВИДЕО) Ако е ова последната слика од Џордан, колку ли е величествена?

сподели

Натпревар број 6 од НБА финалето 1998-та година, Чикаго води со 3:2 против Јута, дуелот се игра во Солт Лејк Сити, домаќините водат со 86:85 и имаат топка.

Но, неговото височество стапува на сцена, по тајм-аутот ги прифаќа сугестиите од тренерот Џексон – го остава Хорначек да помине по челната линија и останува кај Мелоун, удвојувајќи го.

Му ја краде топката на „поштарот“, потоа го троши времето за напад и погодува за два преку Брајан Расел. Во последните 5 секунди, Стоктон промашува шут за три.

Чикаго ја освои 6-та и последна титула во својата историја, сите во двата трилинга (1991-3 и 1996-8) со Мајкл Џордан. Тој вторпат замина во пензија, а во следните две сезони славната генерација се распадна.

Зборовите од насловот се коментарот на Боб Костас, долгогодишниот новинар на NBC.

Ова видео е најава за серијалот „60-те велики потези во доигрувањето“ што беше објавен во 2006-та година, по повод 60-годишнината на НБА лигата, на кој ќе ве потсетиме во деновите што следуваат.