ПОЧЕТНА Некатегоризирана Вестбрук и Харден повторно заедно!?

Вестбрук и Харден повторно заедно!?

сподели
Ronald Martinez/Getty Images

Ако Расел Вестбрук навистина одлучи да си замине од Оклахома Сити Тандер, најверојатно пак ќе заигра со еден од своите поранешни колеги.

Хјустон Рокетс е најсериозен кандидат за неговиот потпис што значи дека ќе се спои со Џејмс Харден со кого еден период ја делеше соблекувалната на Оклахома. По заминувањето на Пол Џорџ, Вестбрук имал средба со генералниот менаџер на својата сегашна франшиза, но нема информации каков е заклучокот од неа.

Искусниот плејмејкер е член на Тандер од 2008 година, во 2017 беше прогласен за МВП на основниот дел од сезоната. Досега одигра 821 натпревар во НБА лигата со просек од 23 поени, 7 скока и 8,4 асистенции.