ПОЧЕТНА СВЕТ Вестбрук го помина Меџик Џонсон

Вестбрук го помина Меџик Џонсон

сподели
фото: Thomas B. Shea-USA TODAY Sports

Новата ѕвезда на Хјустон Рокитс и во франшизата од Тексас продолжи на ист начин како што играше во Оклахома.

Во вториот натпревар го оствари првиот трипл-дабл, а вкупно 139-ти во кариерата. Со него се качи на второто место на вечната листа на кошаркари по бројот на трипл-дабл ефекти, поминувајќи го легендарниот плејмејкер на Лејкерс, Меџик Џонсон.

Пред Вестбрук сега е само Оскар Робертсон кој во својата кариера оствари 181 трипл-дабл.