ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Велика Среда за македонската кошарка

Велика Среда за македонската кошарка

сподели
фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Играчите и клубовите имаа време да размислат – како да не го прават тоа уште од лани знаејќи во каква состојба ни е кошарката – кој колку пари ќе бара, односно нуди.

Сета рашомонијада околу правилото со ограничениот број играчи на терен, македонски и странски, е околу парите и тие што се повикуваат на репрезентацијата, дека затоа правеле ова или она, едноставно се кријат зад светиот параван.

За некого, националниот тим е гордост, за некого тоа е инструмент. Нема тука што да се прави, таков е животот.

Двете страни се тепаат за повеќе, односно за помалку. Едните да земат, другите да дадат. Господа, од двата табора, да знаете дека немате многу време за решавање на “спорот”.

Да си работеа младинските секции во клубовите, немаше да дојдеме до каде што сме. Да знаеја екипите кој правец го тераат, сега ќе си имаа свој продукт. Да ја сакаа играчите репрезентацијата, немаше да се откажуваат и враќаат кога ќе им п-!-дне…

Втората епизода од македонската битка за кошаркарска финансиска команда и превласт, со ставање на кошарката во втор план, е закажана за среда – 10-ти јули 2019.

Повторно да објасниме – сакаме нашите играчи да бидат најбројни, најбарани, најплатени и најдобри кај нас, односно сакаме нашите екипи да грмат низ Европа и светот… ама ајде де… вака, каде?

Ајде, господа, договорете се побрзо и вратете ни ја кошарката. Без секого се може. Играчи и екипи, како и медиуми, да не биде дека се изземаме, никнуваат и се губат како габи.

ЗАВОРАВЕТЕ НА МОМЕНТОТ “ПОСЛЕ МЕНЕ ПОТОП”, АКО ИМАТЕ ДОБЛЕСТ И ХРАБРОСТ!!!