ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Величковски фантастичен во Шпанија

Величковски фантастичен во Шпанија

сподели
Величковски во дресот на Естудијантес на мечот со Валенсија

Еден од најголемите македонски таленти како член на Естудијантес настапува во Шпанија на мини купот ЕНДЕСА 2020, национално натпреварување за кошаркари на 14-годишна возраст на кое учествуваат 16 екипи и се борат за пласман на завршниот турнир.

Мадридскиот тим го загуби клучниот натпревар во групата, против Валенсија со 96:66, но Бојан Величковски бил најдобар во својот тим со 20 поени и 7 скока. И покрај поразот, Естудијантес има шанса да се пласира на завршниот турнир ако утре (8 декември) успее да го совлада Хувентут во баражот во кој учествуваат второпласираните екипи од секоја група.

Претходно Естудијантес играше против Андора и Басконија и оствари убедливи победи. Против Андора водеше со 63:13 кога престана да се води статистика поради правилото во младинските лиги во Шпанија за прекин на такво нешто кога една од екипите ќе има водство од 50 поени разлика. Величковски не настапи против Басконија, но се очекува да биде во составот на решавачкиот дуел со Хувентут.