ПОЧЕТНА ЕВРОПА Величковиќ е легенда на Партизан!

Величковиќ е легенда на Партизан!

сподели
kk partizan

И пред натпреварот против ФМП беше јасно дека е така како во насловот, но капитенот на „црно-белите“ се погрижи да има уште еден аргумент повеќе на своја страна.

Новица Величковиќ го одигра 472-риот натпревар за Партизан и стана рекордер по бројот на настапи за поранешниот европски шампион. Од првото место го симна Петар Божиќ кој во својата кариера одигра 471 меч. Величковиќ ќе има можност уште повеќе да ги подобри овие бројки, ако нема проблеми со повреди, бидејќи сезоната е на половина и до крајот остануваат уште голем број натпревари.

Тој заигра за првиот тим на белградскиот клуб во 2004 година, пет сезони го носеше дресот пред да замине во Реал. Поради тешките повреди, таму не се прослави, па потоа во два наврата беше член на Мега, како и на Бамберг и Трабзон. Во Партизан се врати во 2016 година.

Инаку, Партизан го совлада ФМП во рамките на АБА лигата со 57:87 и се зацврсти на првото место на табелата.