ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Велес-Тоа сум јас (2005)

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Велес-Тоа сум јас (2005)

сподели

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари.

Ова е потсетување на сезоната 2005/06 кога во македонското кошаркарско првенство учествуваше и еден приватен проект под името Тоа сум јас. Таа сезона сопствениците на проектот ги откупија правата од КК Соколи и создадоа респектабилен тим кој од клупата прво го предводеше сегашниот селектор Александар Тодоров, а потоа и Емил Рајковиќ. Во тимот имаше играчи како Борис Нешовиќ, Марјан Србиновски, Дарко Радуловиќ, Ангел Тасевски итн.

Малкумина знаат дека, всушност, Емил Рајковиќ, својата тренерска кариера ја почна токму во тимот на Тоа сум јас. По една година во овој клуб се пресели во Фени Индустри каде остана седум сезони и освои три шампионски титули во домашното првенство, две во Купот на Македонија и една во БИБЛ лигата.

Таа година Велес по пауза од неколку сезони повторно доби прволигашка кошарка, но далеку од тоа што речиси една деценија претходно го имаше преку Жито Вардар. Проектот траеше кратко, Велес 2000 избори опстанок во елитната конкуренција, но се откажа од настап следната сезона.