ПОЧЕТНА СВЕТ Вечниот Поповиќ собори уште еден рекорд

Вечниот Поповиќ собори уште еден рекорд

сподели

Постои ли некој на планетава што го памети Сан Антонио Спарс со друг тренер на клупата?

Тешко ќе се најде таков, можеби некој од највозрасните навивачи на тимот од Тексас, оние кои се родени и живеат во градот. Затоа што Грег Поповиќ ја почна рекордната 24-та сезона на клупата на Спарс, надминувајќи го Џери Слоун кој 23 години ја водеше Јута Џез.

Селекторот на американската репрезентација се наоѓа на третото место на тренери со најголем број победи во НБА лигата со 1.245. Ако издржи оваа и барем уште една сезона на клупата, ќе има шанса да го стигне рекордерот Дон Нелсон кој има 1.335. Според процентот на победи, Поповиќ е на второто место со 68,4%, веднаш зад Фил Џексон со 70,4%.

Ако успее да го однесе Сан Антонио во плеј-офот, тоа ќе биде 23-то учество во разигрувањето за титулата во низа со што ќе го надмине рекордот на Филаделфија 76 од 1950 до 1971 година.