ПОЧЕТНА СВЕТ Вечниот дом на Коби и Џиџи е меѓу американските великани

Вечниот дом на Коби и Џиџи е меѓу американските великани

сподели
printscreen Youtube

Трагедијата што го погоди целиот свет – поради значењето врз општествениот живот што го имаше американскиоот суперстар, а згора на тоа и смртта на неговата 13-годишна ќеркичка која беше со него во хеликоптерот што се урна во планините крај ЛА – ја испиша претпоследната страница.

Последната ќе биде „Прославата на животот“ во Стејплс центарот на 24.02. на која ќе им биде оддадена почит на Коби, Џиџи и на другите 7 жртви во несреќата со приватниот хеликоптер на Брајант.

Тој и Џиана, беа пограбани во приватна церемонија, без очите на јавноста што било желба на сопругата Ванеса и другите две ќерки, во меморијалниот парк „Пацифик вју“ во Лос Анџелес.

Тука се погребани великани како глумецот Џон Вејн и останати славни личности.