ПОЧЕТНА ЕВРОПА Вчера Звезда, денеска Партизан…

Вчера Звезда, денеска Партизан…

сподели
фото: ABA liga

Неполни 24 часа откако српскиот и АБА шампион со тројка славеше на гостувањето кај Асвел во Евролигата, градскиот ривал на идентичен начин дојде до триумф од 96:95 против Цедевита Олимпија во регионалното натпреварување.

Голема драма го одбележа можеби најубавиот меч оваа сезона во АБА лигата. Се чинеше дека Партизан лесно ќе дојде до бодовите затоа што на влезот во последната четвртина имаше предност од 12 поени разлика (81:69). Излезе дека тоа не е точно, Олимпија не само што ја стигна големата негатива, туку на 13 секунди пред крајот дојде и до водство од 95:93 со тоа што имаше уште две лични грешки до бонус.

Ја искористи и таа можност и на 0,8 секунди пред крајот имаше изведување од страна. Топката дојде до Јарамаз кој од свртување и од табла погоди за победа на Партизан. Освен триумфот, „црно-белите“ дојдоа до првото место на табелата во АБА лигата, искористувајќи го киксот на Будуќност кој загуби на гости кај Крка.