ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Вардарци“ собраа и индивидуални награди

„Вардарци“ собраа и индивидуални награди

сподели
Марко Луканоски

Освен што обезбедија пласман на завршниот турнир од ЕЅБЛ, кадетите на Вардар и индивидуално доминираа на вториот турнир во Печуј Унгарија.

Бојан Величковски

Двајца од нив беа избрани во идеалната петорка: Бојан Величковски, кој и по завршувањето на вториот турнир остана најдобар стрелец на Европската Лига за Млади со просек од 28,67 поени и Марко Лукановски, кој изби на првата позиција по остварени скокови.

Мирза Шаќировиќ

Мирза Шаќировиќ беше избран за најкорисен играч на својата екипа.