ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардарци го скршија мразот

Вардарци го скршија мразот

сподели

МЗТ Скопје 2 и во третиот натпревар од дебитантската сезона во елитната дивизија не успеа да дојде до првата победа. За разлика од првите два меча, сега за противник немаше кандидат за титулата, но и Вардар во „Јане Сандански“ се покажа пресилен.

За „црвено-црните“ победата од 75:95 е прва во сезоната и најава дека повторно имаат можност да се изборат за опстанок или барем за место во баражот. Одлучувачка беше 3-та четвртина која му припадна на Вардар со 15:30, по што последните десет минути беа само формалност.